Поврзете се со нас

Репрезентација

Ѓоровиќ: Планот не се менува, имаме една цел во Рига

Објавено

на

Кошаркарската репрезентација на Македонија веќе е во Охрид и ги одработува првите тренинзи од подготовките за она што следува наредниот месец, квалификацискиот турнир во Рига каде ќе ги одмери силите со Летонија и Хрватска.

Ова за нашите девојки ќе биде последна шанса за славје во овој циклус на квалифиакциите, а селекторот Владимир Ѓоровиќ верува дека имаме квалитет и потенцијал тоа да го направиме.

-Не менуваме ништо. Пред некој месец успешно ги реализиравме подготовките, Очекувам истото да биде и сега. Навистина во хотелот ‘Тино’ имаме се што ни треба, А во затоплената сала „Билјанини извори“ може да се работи цел ден. Затоа благодарност до раководството на федерацијата за сето ова што ни го овозможува, се со цел да бидеме максимално подготвени за последните два натпревари во квалификациите на кои ќе се обидеме да го реализираме нашиот план. Да победиме на некој од нив, -рече Ѓоровиќ кој проговори за подготовките.

-Тука во Охрид, ќе бидеме седум дена. А првите тренинзи ќе ни послужат да видиме до каде се девојките со онаа физичка подготовка. Да се обидеме сето тоа да го нивелираме, бидејќи е јасно дека некои се во некоја понапредна фаза, други во изминатиот период беа без официјални натпревари. Во некоја, би ја нарекол ‘втора фаза’, ќе почнеме со воигрувањето, поставување на одредени елементи во играта во нападот, и во одбраната. Секако, тоа би било кога на располагање ќе ја имаме Анџелика Митрашиновиќ која очекуваме да дојде во Охрид за два дена.

-Засилени сме со Софија Лазареска и со Катерина Поп-Димитровска, кои требаше да бидат дел од тимот и на минатиот квалификациски циклус. Но поради вирусот, не можев да сметам на нив. Сега е поинаку, тука се со нас. На овие подготовки се и две млади и перспективни кошаркарки, Матеја Атанасовска и Елена Тасевска, кои ќе ја зголемат конкуренцијата, и ќе придонесат тренингот да биде поквалитетен, -истакна предводникот на нашата репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни