Поврзете се со нас

Репрезентација

Ѓоровиќ: Не можам да бидам задоволен со пораз, ама девојките одиграа ангажирано и карактерно

Објавено

на

Женската кошаркарска репрезентација загуби од Хрватска (80-62)  на првата средба во „балонот“ во Рига, но за разлика од претходните средби во квалификациите националниот тим покажа далеку подобра и поквалитетна игра.

Селекторот Владимир Ѓоровиќ признава дека не може да биде задоволен од пораз, но во исто време е среќен поради пристапот, борбеноста, карактерот на екипата.

-Секако дека не можам да бидам задоволен со пораз. Но задоволен сум како девојките се бореа и одиграа, говорам за сите нив. Знаевме на кое ниво се Митрашиновиќ, Бонер,Трајчевска и Кметовска. Но морам да кажам, јас сум задоволен од ангажманот на целата екипа која одигра цврсто и карактерно,- рече Ѓоровиќ по средбата на коха Хрватска беше апсолутен фаворит.

-Противникот е одличен со 100 процентен учинок во нашата група. Со вонсериски играч како Дојкиќ. Пробавме со четири различни одбрани да одиграме на неа, но не успеавме во тоа. Видов, имаме уште простор за напредување. Треба да видиме добро каде грешевме. Да се опоравиме и спремни да го дочекаме натпреварот со Германија во сабота. Честитки до екипата на  Хрватска и уште еднаш, честитки за ангажманот на нашите кошаркарки и стручниот штаб, -дополните предводникот на кошаркарската репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни