Поврзете се со нас

Свет

Ѓорѓиоски си заминува од Грција со остри зборови: Ова е аматеризам, тука нема да успее и Мурињо!

Објавено

на

Илчо Ѓорѓиоски ја презема Каламата на почетокот на месец февруари со цел да создаде тим за наредната сезона, но после неполни четири месеци, македонскиот стручњак добил отказ од првите луѓе на клубот.

Поранешниот прв човек на ФФМ ја дознал оваа вест од медиумите, па сега реши жестоко да распали по одговорните во Каламата, како и за условите во грчката втора фудбалска лига.

– Кога првпат дојдов тука, ми порачаа дека првенството е загубено и да почнам да градам тим за наредната година. После само месец и половина, се што беше кажано беше фрлено во вода. Мислев дека има план, дека има организација, но ова е невиден аматеризам.

– Патувавме до Крит и до други далечни места и пристигнувавме веднаш пред натпреварот. Само на еден меч пристигнавме ден порано. Теренот на кој игравме беше вистинска катастрофа, веќе два месеци работевме без никаков програм за работа. Тоа е исто како да возите со затворени очи. Два и пол месеци бевме без тренер на голманите. Кога потпишав едноиполгодишен договор, ми рекоа да го направам тоа одново бидејќи направиле грешка.

– Дознав дека си одам од медиумите, никој не ми се јави дека не сакаат да работат со мене. Едноставно нема работна атмосфера, не се знае кој носи фудбалери. Донесоа играчи без моја дозвола, донесоа пет напаѓачи. Тоа е исто како Манчестер Сити да има пет Халанди, а ниту еден Де Брујне. Дури и Мурињо да дојде тука, нема да направи тим, – изјавил Илчо за грчките медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни