Поврзете се со нас

Македонија

Ѓорѓиоски ќе ја води Брегалница уште три години

Објавено

на

Илчо Ѓорѓиоски останува на клупата на Брегалница од Штип до јуни 2025 година.

Ова е најновата вест која ја соопшти македонскиот прволигаш кој ја информираше јавноста дека е постигнат договор со Илчо за продолжување на соработката за три години.

-Потпишавме нов договор за соработка со Илчо Ѓорѓиоски, на тој начин јасно останувајќи на зацртаниот пат за издигнување на Брегалница на највисоко ниво во домашниот фудбал. Делејќи ги заедничките определби за етаблирање на Брегалница на врвот од македонскиот фудбал, со именувањето на Ѓорѓиоски амбициите и плановите на клубот за следната сезона остануваат: излез на европската сцена и паралелна промоција и развој на младите талентирани фудбалери на клубот како можност потоа и за интернационална кариера, а се во интерес и воопшто на развојот на македонскиот фудбал – истакна сопственикот на Брегалница, Кирил Гогов за официјалната страна на клубот.

Поранешниот претседател на ФФМ седна на клупата на Брегалница оваа година, претходно како тренер работеше во Македонија Ѓорче Петров и Вардар, клубови со кои ја освои шампионската титула во ПМФЛ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни