Ѓорѓиевски со погодок му донесе победа на Вождовац (Видео)

Gjorgjievski-Vozdovac

Македонскиот интернационалец Марко Ѓорѓиевски го постигна својот втор гол во дресот на Вождовац, а денеска истиот беше доволен за победа од 2:1 на гостувањето кај Јавор.

19-годишниот Ѓорѓиевски влегол во игра во 55. минута, а само три минути подоцна го постигна голот кој беше доволен за важна победа на неговата екипа.

Со десеттиот триумф, Вождовац го заврши првиот дел од сезоната на шестото место.

Facebook Коментари