Поврзете се со нас

Репрезентација

Ѓорѓиевски и Максимов ја погодија целта во Ереван, Македонија ја оствари првата победа во квалификациите (Видео)

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја оствари првата победа во квалификациите за Европското првенство, откако ова попладне повеќе од заслужено славеше на гостувањето кај Ереван.

По доминацијата против Фарските Острови која сепак не беше изразена со посакуван резултат (1:1), избраниците на Драган Канатларовски денеска успеаја да материјализираат доволно шанси за прва победа во квалификацискиот циклус, бидејќи ја победи Ерменија на гостувањето со 1:2.

Македонските фудбалери беа надмоќни и далеку поквалитетни уште во првото полувреме, во кое требаше да имаме поголема предност од онаа која ја осигура Марко Ѓорѓиевски.

Напаѓачот на Шкупи го отвори резултатот во 25-та минута по одличното нафрлање на Антовски, што за него беше втор гол на вториот натпревар во октомврискиот квалификациски циклус. Тој го постигна голот за 1:1 против Фарски Острови, а денеска го најави триумфот на младинската селекција.

Во вториот дел, точка на победата стави резервистот Методи Максимов кој беше проигран од Лука Станковски кој исто така влезе во завршницата. Пред последниот судиски свиреж, домаќините се изборија за подостоен пораз со голот на Григорјан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни