Поврзете се со нас

Боречки спортови

Ѓорѓиев по златото во Италија: Можеби сме мала држава, но имаме најголемо срце!

Објавено

на

Димитар Ѓорѓиев уште еднаш во својата кариера дојде до одличен резултат и тоа на Светското првенство во Италија каде се избори за златен медал во категоријата лоу-кик до 81 килограми.

Ѓорѓиев го среди Дробњак и повторно стана светски првак во кик-бокс!

Нашиот најдобар кикбоксер во големото финале беше подобар од Никола Дробњак од Босна и Херцеговина со 3-0 со што само го потврди својот квалитет, константност на големите натпреварувања во изминатава деценија.

Ова за Ѓорѓиев беше четврта титула на светските шампионати, прва по 2015 година што секако донесе голема радост и задоволство кај нашиот ас.

-Златниот медал повторно е дома… Сакам да се заблагодарам до сите луѓе што искрено се израдувавте на оваа наша победа!!! Благодарам до мојата фамилија, девојка ми која мора да ме трпи, сите мои подржувачи низ цела моја кариера и мојот тим од КБК Работнички Адора и ВАКО Македонија. Можеби сме мала држава но повторно докажавме дека имаме најголемо срце, – порача Ѓорѓиев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни