Поврзете се со нас

Боречки спортови

Ѓорѓиев: Ова е најомразениот медал што сум го освоил

Објавено

на

Македонија во изминативе денови го слави кикбоксерот Димитар Ѓорѓиев кој успеа да освои златен медал на Светското првенство во Италија.

Ѓорѓиев успеа да биде најдобар во категоријата лоу-кик до 81 килограм и со тоа да ја продолжи серијата на одлични резултати на најголемите турнири. Ова за Диме беше четврта титула на светските шампионати, резултат поради кој секако беше среќен и задоволен, но од друга страна изрази незадоволство од длабоката поделеност во Македонија, па преку искрен статус порача дека не планира да биде биде дел од никакви приеми, нема намера да гостува по медиуми и и да дава интервјуа.

Ова е целосната порака која ја испрати најдобриот македонски кик-боксер.

-Драги пријатели, другари и сите останати љубители на спортот. Пред се од срце ви благодарам за целата поддршка и позитивна енергија што ја добив во изминатите неколку дена. За жал морам да ви соопштам дека за мене ова е најомразениот златен медал што сум го освоил до сега. Иста така сакам да ве известам дека не планирам да присуствувам на ниеден прием ни во Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport ниту на организираниот или планот за организиран пречек во Општина Неготино, сите мои гостувања и планирани интервјуа ке бидат откажани а досегашните ке ве замолам да не ги објавувате. Овој медал го освоив бидејки сакам спорт и си ја сакам татковината. Поделбата која што е неизбежна во Македонија јас не ја сакам и не сакам да бидам дел од неа, -порача Ѓорѓиев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни