Поврзете се со нас

Боречки спортови

Ѓорѓиев го среди Дробњак и повторно стана светски првак во кик-бокс!

Објавено

на

Најдобриот македонски кикбоксер, Димитар Ѓорѓиев дојде до уште еден извонреден резултат во својата кариера и по четврти пат стана светски шампион.

Нашиот ас овојпат триумфираше во Италија каде беше најдобар во категоријата лоу-кик до 81 килограм. Ѓорѓиев беше сигурен низ целиот турнир за да во финалето демонстрира квалитет, доминација против Никола Дробњак од Босна и Херцеговина.

Димитар славеше со 3-0 и со тоа дојде до златниот медал кој за него е број четири откако претходно беше број еден во 2011, 2013 и 2015 година (кик лајт).

Ако на ова се додаде дека тој има и сериозни успеси, медали и на преостанатите европски и светски шампионати во изминатава деценија тогаш повеќе од јасно е дека Диме е една наша спортска икона, спортист кој заслужува огромно внимание како од медиумите така и од нашите инситуции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни