Поврзете се со нас

Одбојка

Ѓорѓи Ѓорѓиев со повик до навивачите: Дојдете во сала и со победа над Грција да славиме ново ЕП

Објавено

на

Македонските одбојкари сами ја одредуваат својата судбина. За настап на континенталниот собир во 2026-та, ќе биде потребен нов блесок денес против Грција.

Македонскиот техничар Ѓорѓи Ѓорѓиев верува дека можеме и се надева на огромна поддршка од трибините.

„Против Грција не очекува еден тежок, но убав и интересен натпревар. Тоа го кажувам зошто квалитетот на двете репрезентации е многу сличен. Ги анализиравме Грците, имаат еден до два играчи кои играат една убава, паметна одбојка и мора да ги сопрем нив. И ние самите мора да одиграме еден паметен и убав натпревар. Победа на овој натпревар би значел 99 посто пласман на ЕП. Ќе дадеме максимум од нас, спремни сме. Ја повикувам целокупната македонска јавност да дојде во што поголем број во сала, да не бодри и да се радуваме на уште едно ЕП, изјави македонскиот репрезентативец.

Мечот се игра во арената “Јане Сандански” со почеток од 20:15 минути, а влезот е слободен.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни