Поврзете се со нас

Одбојка

Ѓорѓи Ѓоргиев: Мораме против Израел да покажеме поквалитетна игра

Објавено

на

Нашата одбојкарска репрезентација славеше над Кипар со 3-0 во првата средба од Европската сребрена лига, но ова беше дуел на кој не блескавме и ќе мораме да поправиме некои работи на наредните натпревари.

Првата можност за тоа е вечерва од 20 часот против Израел, селекција која претрпе драматичен пораз од Данска од 3-2 во премиерниот меч во оваа група.

-Играме против подобар противник и мораме да покажеме поквалитетна игра. Се надевам на победа. На секој меч одиме победа, без калкулации. Наша цел е да оствариме три победи на овој турнир, потоа истото да го направиме и во Данска, па со голема самодоверба да го дочекаме фајнал-фор турнирот, -истакна Ѓорѓи Ѓоргиев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни