Поврзете се со нас

Свет

Ѓорѓевиќ заработи отказ од Виртус Болоња

Објавено

на

Александар Ѓорѓевиќ денеска заработи отказ од италијанскиот тим Виртус Болоња, – објавија италијанските медиуми.

Српскиот стручњак заминува по поразот на Виртус од Динамо Сасари, резултат кој го убеди раководството да се раздели со поранешниот селектор на нашиот северен сосед.

Покрај Ѓорѓевиќ, отказ веднаш заработиле и неговите соработници Горан Бједов и Младен Михајловиќ кои беа дел од струшниот штаб.

Составот од Болоња има добри резултати во Еврокупот, но серијата од четири порази на домашен терен во италијанското првенство предизвика брза реакција од Виртус, кој сега ќе бара ново долготрајно решение за тренерската позиција.

Вчера, Ѓорѓевиќ бил исклучен за време на дуелот против Сасари, кој гостите го добија со 83:77, а привремено решение ќе биде еден од неговите досегашни асистенти, Кристијан Федриго.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни