Ѓорѓевиќ го посакува Теодосиќ, плејмејкерот има милионска понуда

teodosic

Милош Теодосиќ пред неколку месеци ја заврши својата НБА авантура во Лос Анџелес Клиперс, па сега може мирно и без никакви проблеми да го избере својот нов клуб за натпреварувачката 2019/2020.

Србинот е интересен за доста клубови, а еден од нив е италијанскиот прволигаш Виртус Болоња кој според информациите веќе подготвил понуда за плејмејкерот. Имено станува збор за двегодишен договор вреден некаде меѓу 2 и 2,5 милиони евра, па останува да видиме каков ќе биде одговорот на Теодосиќ.

Во Виртус Болоња тренер е Александар Ѓорѓевиќ кој добро го познава Теодосиќ од националниот тим и воопшто нема да биде изненадување ако Милош во наредната сезона го видиме во оваа средина.

Facebook Коментари