Свет
Ѓорѓев стрелаше за потврда на победата на Арау
Македонскиот фудбалски интернационалец, Никола Ѓорѓев имаше значајна улога во победата на Арау над Ксамакс во втората швајцарска лига.
Иако домаќините поведоа уште на самиот старт, гостите се консолидираа и веќе во првиот дел преку Фазлиу израмнија на 1-1. Во второто полувреме Арау направи комплетен пресврт и во 69 минута дојде до водство од 2-1, но неколку минути подоцна Коиде заработи втор жолт картон.
Ова не беше добра вест за тимот на нашиот Никола, ама токму Македонецот во 79 минута се најде на вистинското место и стрелаше за плус два и потврда на трите бода.
За него ова беше трет сезонски гол, а има забележано и четири асистенции. Арау со 29 бода е на третата позиција на табелата.
-
АТП22 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија21 час
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан
-
Шпанија22 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација24 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Англија22 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија12 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Италија10 часа
Италијански великан фаворит за потписот на Вокер