Поврзете се со нас

Свет

Ѓорѓев си замина од Грасхоперс и пронајде „старо-нов“ клуб во Швајцарија

Објавено

на

Повремениот македонски репрезентативец, Никола Ѓорѓев пронајде клуб во кој ќе ја продолжи својата кариера.

24 годишниот офанзивец пред кого се предвидуваше голема кариера си замина од Грасхоперс на перманентна основа и потпиша за тимот на Арау.

Грасхоперс не сметаше на неговите услуги, а тоа беше евидентно уште лани кога беше испратен на заем во Шафхаузен, клуб од втората по ранг лига во Швајцарија.

Таму Ѓорѓев одигра одлично и му помогна на тимот да стигне до плеј-офот за настап во најсилната швајцарска лига, но не доби понуда за перманентен трансфер.

Сега офанзивецот ќе ја продолжи кариерата во Арау, клуб кој има амбиции да се врати во елитниот швајцарски фудбал. Ова е враќање за Ѓорѓев во Арау затоа што го носеше дресот на овој тим во сезоната 2017/18

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни