Поврзете се со нас

Македонија

Ѓоргиевски и во иднина ќе го носи дресот на Бутел

Објавено

на

Екипата на РК Бутел полека, но сигурно го формира тимот за наредната сезона, а најновата информација е дека е продолжена соработката со Димитар Ѓоргиевски.

Ѓоргиевски кој е еден од староседелците во Бутел се одлучи да стави потпис на договор со важност за наредните две сезони.

-Задоволен сум од продолжувањето на соработката. Јас сум член на Бутел Скопје уште од формирањето на клубот и не гледам причина зошто би ја променил средината. Бутел има високи амбиции секоја сезона и сигурен сум дека можам многу да напредувам во кариерата овде. Се надевам дека следната сезона ќе биде поуспешна од оваа што заврши и дека ќе се избориме за место во европските купови, -порача Ѓоргиевски.

Македонскиот прволигаш претходно потпиша нови договори со Бојан Блажески, Владимир Јевтиќ и Јовица Младеновски, додека како засилувања беа доведени голманот Градимир Чаневски и десниот бек Денис Тот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни