Поврзете се со нас

Европски купови

Ѓоргиев: Сакаме да сме најдобри, Алкалоид е подготвен за европскиот предизвик

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Алкалоид и во оваа сезона ќе игра во Европа со тоа што сега ќе настапи во Европскиот Куп на ЕХФ каде системот е поинаков и се игра дома-гости.

Ривал на македонскиот прволигаш е литванскиот вицепрвак Клаипеда Драгунас, противник кој не се потценува иако се прифаќа статусот на фаворит.

Капитенот Игор Ѓоргиев говореше во име на екипата и порача дека тие како колектив се подготвени да го дадат максумунот и да се изборат за победа на утрешниот меч кој од 19 часот ќе се одигра во Автокоманда.

-По одличниот старт на сезоната каде имаме седум победи, ни следува натпревар во Европскиот Куп каде имаме за противник екипа од Литванија. Го анализиравме противникот во изминатиот период, ние како екипа имаме искуство во Европската лига од лани, но оваа година ќе играме Европски Куп каде системот е поразличен. Првиот меч ни е дома, играме пред нашата публика, а кога играме дома секогаш сакаме да сме најдобри. Како капитен тврдам дека екипата е спремна, ростерот ни остана ист од лани, збогатен со неколку играчи. Ја повикувам јавноста да ни даде поддршка и се надевам на победа, -порача Ѓоргиев.

Лазаров пред европскиот предизвик за Алкалоид: Се направи атмосфера како веќе да сме ги поминале Литванците

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни