Поврзете се со нас

Одбојка

Ѓоргиев повторно блескаше, АЦХ Љубљана по невидена драма остана без финале во Челинџ Купот

Објавено

на

Екипата на АЦХ Волеј Љубљана за која настапува Никола Ѓоргиев не успеа да избори пласман во големото финале на Челинџ Купот.

Претставникот на Словенија се претстави во фантастично светло на вечерашниот реванш против Нарбон на кој иако губеше со 2-0 во сетови (25-17, 25-17) никогаш не се предаде, покажа борбен дух и карактер и со 30-28, 25-18 и 15-13 се избори за целосен пресврт и победа од 3-2, резултат со кој Французите славеа во Љубљана во првата средба.

Поради ова се играше златен сет во кој домашните одбојкари се покажаа како подобри, уште на стартот дојдоа до предност од 5-1, позитива која знаеја како да ја сочуваат, одбранат до самиот крај за 15-9 и пласман во финалето во кое ќе играат против Халкбанк од Турција.

Нашиот репрезентативец Ѓоргиев повторно имаше добра средба, беше прв поентер во својата екипа со 24 поени. На спротивната страна како и на првиот меч број еден беше Де Араухо со 30 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни