Одбојка
Ѓоргиев освои уште една титула со АЦХ Волеј Љубљана (ФОТО)

Најдобриот македонски одбојкар и неговиот тим АЦХ Волеј Љубљана се старо нови шампиони на Словенија и тоа откако во финалната серија го надиграа составот на Калчит Волеј со 3-0.
Во последниот меч фаворитит славеше со 3-1 во сетови и со тоа ја потврди доминацијата во првенството, поточно дојде до 19. лигашки трофеј. Домаќините го отворија првиот сет со 25-23, гостите возвратија во најинтересниот со 26-28 за да потоа Никола и другарите со 25-21 и 25-20 ги решат сите дилеми и дојдат до посакуваниот резултат.
АЦХ Волеј во актуелнава 2022/2023 претходно славеше и во Купот на Словенија, плус тримфираше и во МЕВЗА лигата што значи дека Ѓоргиев имаше супер успешна сезона од која корист дефинитивно ќе има и нашата селекција која годинава ќе биде еден од домаќините на Европското првенство.
-
Шпанијапред 15 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Италијапред 14 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Англијапред 17 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Германијапред 15 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Англијапред 13 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 11 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 18 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 9 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)