Ѓоргиев одличен против Франкфурт

Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓоргиев и Фридрихсхафен ја продолжија одличната серија на резултати во првата лига на Германија.

Тие во пресметката против Франкфурт славеа со 3-1 и на тој начин го задржаа 100 процентниот учинок по четири одиграни натпревари. Првиот сет им припадна на гостите со 28-26, но ова како да им даде дополнителна мотвација на домаќините кои во продолжението со 25-20, 25-21 и 25-23 дојдоа до посакуваниот резултат и на тој начин го оправдаа статусот на фаворити.

Нашиот Ѓоргиев беше на ниво на задачата и беше најдобар со 22 освоени поени.

Facebook Коментари