Ѓоргиев одличен, Фридрихсхафен шокиран од аутсајдерот во Бундеслигата

niko

Составот на Фридрихсхафен доживеа шокантен на гостувањето кај Елтман, тим кој се наоѓа на последното место на табелата во Бундеслигата.

На хартија Никола Ѓоргиев и неговите соиграчи беа огромни фаворити, меѓутоа на теренот тоа не го оправдаа и домаќинот по голема борба се избори за славје од 3-2 во сетови. Фридрихсхафен водеше со 1-0 и 2-1, но Елтман одговараше на предизвикот за да во последниот сет со 15-11 дојде до третата победа во сезоната.

Нашиот репрезентативец Ѓоргиев беше на ниво и реализираше 21 поен. Со овој пораз Фридрихсхафен го загуби второто место на табелата, во следната рунда се соочува со Лунебург.

Facebook Коментари