Ѓоргиев немаше свој ден, Фридрихсхафен надигран од Франкфурт

niko

Фридрихсхафен на Никола Ѓоргиев претрпе пораз од Франкфурт од 3-1 во сетови во мечот од новата рунда во Бундеслигата.

Домашниот тим доминираше на оваа средба, па лесно поведе со 2-0 откако ги реши истите со 25-19, 25-18. Гостите се разбудија во третиот „период“ во кој компетно го надиграа Франкфурт со 25-17, но таа своја игра не ја задржаа во четвртиот сет во кој противникот одново заблеска и со 25-16 го затвори овој натпревар.

Нашиот Нико немаше свој ден и освои само 9 поени со што беше трет поентер во својот тим зад Криско (16) и Менер (14). Кај победникот блескаше Мрдак со 21 поен.

Facebook Коментари