Поврзете се со нас

Одбојка

Ѓоргиев: Најважно е што победивме, се знае која е нашата цел

Објавено

на

Македонските одбојкари славеа над Кипар со 3-0 во првиот меч од новото издание на ЦЕВ Европската лига.

Нашата репрезентација не блескаше, одигра рутински и трите сета ги реализираше со идентичен резултат 25-21 со што победнички го започна турнирот што се игра во Струмица.

Сега пред нас се средби против далеку подобри и посериозни ривали во Израел и Данска, па капитенот Никола Ѓоргиев се надева дека ќе се прикажеме во најдобро издание и ќе дојдеме до посакуваната цел.

-За нас ова е очекувана победа иако можеби ја извојувавме потешко отколку што мислевме. Најважно е што победивме и сега треба да се насочиме кон другите натпревар со противници коишто се посериозни, но без оглед на тоа целта е да оствариме три победи на првиот турнир, -порача македонскиот капитен кој освои 20 поени во пресметката со Кипар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни