Ѓоргиев најдобар во првата победа на Фридрихсхафен во ЛШ

Германскиот бундеслигаш Фридрихсхафен ја забележа првата победа во Лигата на шампионите и тоа на гостувањето кај Војводина во Нови Сад, меч во кој најдобар на теренот беше македонскиот репрезентативец Никола Ѓоргиев.

Ѓоргиев беше најдобар поединец со 18 поени во победата од 3-0 во сетови. Гостите во сите три сета беа доминатни и имаа контрола на резултатот, па така првиот го реализираа со 25-20, вториот со 25-21, додека третиот со 25-21.

Фридрихсхафен има учиок 1-1 и е на третото место во групата Е.

Facebook Коментари