Ѓоргиев и Фридрихсхафен со убедлива победа ја отворија новата година

Фридрихсхафен на македонскиот репрезентативец Никола Ѓоргиев забележа чиста и убедлива победа во првиот натпревар во 2020 година.

Нико и компанија славеа во првата германска лига над Бухл со 3-0 во сетови со 25-14, 25-21 и 25-23. Ова за Фридрихсхафен беше 9 победа во 12 првенствен дуел, а во истата повторно свој печат остави Ѓоргиев со вкупно 17 поени.

Во следното коло тимот на нашиот капитен се соочува со Елтман кој е на последното место во Бундеслигата.

Facebook Коментари