Ѓоргиев и Фридрихсхафен не успеаа да остварат позитивен резултат во Белгија

niko blok

Германскиот прволигаш Фридрихсхафен за кого настапува Никола Ѓоргиев не успеа да направи изненадување и да слави на гостувањето кај Роселаре во рамките на 5. коло во Лигата на шампионите.

Ѓоргиев и другарите доживеаа пораз од 3-1 во сетови пред околу 1500 гледачи и на тој начин ги загубија сите шанси за пласман во следната фаза на ова натпреварување. Македонскиот репрезентативец освои 6 поени, најефикасен кај гостите беше Менер со 8 поени.

За Фридрихсхафен останува уште еден меч во ЛШ, но деифнитивно сега фокусот ќе биде ставен на домашниот шампионат.

Facebook Коментари