Ѓоргиев брилјираше во големо германско дерби

niko

Македонскиот репрезентативен ас, Никола Ѓоргиев се прикажа во фантастично издание и беше еден од најдобрите поединци на дербито меѓу неговиот Фридрихсхафен и БР Волејс во Бундеслигата.

Гостите во супер драматичен меч пред повеќе од 2300 гледачи излегоа како победници со 3-2 во сетови (25:22, 23:25, 27:29, 25:20, 16:18). Со ова не беше крунисана фантастичната партија на нашиот Ѓоргиев кој прокнижи 27 поени, но без разлика на поразот тоа беше прогласен за најкорисен играч заедно со Сергеј Гранкин од гостите од Берлин.

Ова за Фридрихсхафен беше втор сезонски пораз со што останува на второто место на табелата зад перфектниот БР Волејс.

Facebook Коментари