Ѓоргиев блескаше во новата победа на Фридрихсхафен

nikola so timot

Најдобриот македонски одбојкар, Никола Ѓоргиев одигра уште еден одличен меч за Фридрихсхафен во Бундеслигата, меч во кој неговиот тим славеше на гостувањето кај Бухл со 3-1 ( (37:39, 26:24, 25:17, 27:25) во сетови.

Средбата беше неизвесна, во сите сетови имаше голема борба во која на крајот гостите се покажаа како поуспешни и подобри за втора сезонска победа во вториот натпревар во шампионатот. Нашиот Ѓоргиев одново беше меѓу најдобрите на теренот со освоени 26 поени.

Фридрихсхафен и во следната рунда гостува и тоа кај тимот на Лунебург.

Facebook Коментари