Ѓоргиев блескаше против Хершинг

niko blok

Македонскиот одбојкарски ас, Никола Ѓоргиев ја продолжи низата на успешни, квалитетни настапи во дресот на Фридрихсхафен.

Ѓоргиев овојпат блескаше против Хершинг со вкупно 31 поен, меѓутоа и ова негово издание не беше доволно за позитивен резултат на Фридрихсхафен во драмата во пет сета. Домаќините се изборија за славје од  3-2 (25:18, 23:25, 25:22, 16:25, 8:15) во сетови, односно во решавачката битка беа подобри со 15-8 за севкупни на крајот 105-97.

Ова за Нико и компанија беше прв пораз во сезоната (8-1) и тоа пред дербито со лидерот Волејс закажано за 14 декември.

Facebook Коментари