Ѓорческа со значителен напредок: Одличниот настап во Трнава зачинет со голем скок на ВТА листа

lina gjorceska

Лина Ѓорческа после подолго време имаше успешен настап на еден турнир, а иако дојде до самиот крај, за жал не успеа да го направи последниот чекор и да победи во финалето.

Најдобрата македонска тенисерка го започна турнирот во Трнава од квалификациите, но потоа покажа дека е далеку поквалитетна и стигна до самото финале, каде вчера беше поразена од Лансере. Сепак, поразот од 2:0 по сетови не треба да биде преголемо разочарување за Лина, туку само дополнителен потстрек за добри настапи и во иднина, со оглед на тоа што по добриот резултат направи голем скок на ВТА листата.

Ѓорческа направи фантастичен скок од 60 места, па на денешната понеделничка нова ВТА листа се најде на 343-та позиција.

Facebook Коментари