Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа запрена во второто коло во Загреб

Објавено

на

Најдобриот македонски рекет, Лина Ѓорческа не успеа да се избори за четвртфинале на турнирот во Загреб, Хрватска кој се игра на земјени терени за награден фонд од 25.000 американски долари.

По стартната победа над осмата носителка Симона Валтерс, Македонката во второто коло се соочи со Франческа Џоунс (Велика Британија), тенисерка за која немаше одговор и загуби со 2-0 во сетови по еден ипол час игра на теренот број 15.

Британката беше доминатна во првиот сет со 6-1 за да вториот биде далеку понеизвесно и истиот заврши со 7-5.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни