Ѓорческа запрена во првото коло во Истанбул

lina udar

Првиот македонски рекет, Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло во поединечна конкуренција на ИТФ фјучерсот што се одржува во Истанбул, Турција.

Тетовката дојде до главната фаза преку квалификациите и одлично го започна денешниот меч против Анастасија Захарова (Русија) кој го доби со 7-6 или поточно со 8-6 во тај-брејкот. Во вториот сет решаваа нијанси кои беа на страна на Русинката за 6-4 и израмнување на 1-1 во сетови за да во решавачката битка Захарова го крена нивото на игра, освои 13 поени повеќе од Ѓорческа за конечни 6-2 и пласман во следната фаза на турнирот кој се игра на тврда подлога за награден фонд од 25.000 американски долари.

Меѓутоа ова за Лина не е крај во Истанбул, односно ја очекува настап во двојки каде со Екатерина Јашина се втори носителки. Првиот тест за нив е против домашните тенисерки, Мелиз Сезер и Ипек Оз.

Facebook Коментари