Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа запрена во полуфиналето во Севилја

Објавено

на

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да ја мине полуфиналната пречка во поедининечна конкуренција на ИТФ фјучерсот што се игра во Севилја, Шпанија.

Тетовката за противничка ја имаше 19-годишната Елина Аванесјан и важеше за благ фаворит поради искуството и подобриот ВТА ранкинг, но Русинката беше таа која по три сета се радуваше на централниот терен. Елина го доби првиот сет со 6-2, Ѓорческа возврати во вториот на идентичен начин, па водена од оваа енергија Македонката поведе со 2-0 во гејмови во решавачкиот.

Меѓутоа Лина тука подзастана и тоа го искористи противничката која сео серија од 6-1 се избори за 6-3 и место во големото финале на турнирот кој се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 долари.

Сега Македонакат треба брзо да се соземе затоа што 17:30 или нешто подоцна ја очекува финалето во двојки каде заедно со Тена Лукас од Хрватска ќе се обидат да ги победат Јеон Во Ку и Каијса Вилда Хенеман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни