Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа запрена во полуфиналето во дубл во Лиепаја

Објавено

на

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска одигра дури три меча на фјучрсот во Лиепаја, а по експресните победи во сингл, не успеа да обезбеди финале во игра на двојки.

Ѓорческа и Унгарката Ванда Лукач денеска на крајот на натпреварувачката програма се соочија со првите носителки, Талби од Летонија и Граматикополу од Грција, па иако поведоа со 1:0 во сетови, на крајот го загубија мечот.

Ѓореска и Лукач го добија првиот сет во тајбрејк, вториот го загубија со убедливи 6:1, а нивните противнички беа убедливи и во решавачкиот тај-брејк кој го добија со 10:4.

Лина можеби застана во полуфиналето во дубл, но утре ќе има можност да обезбеди финале во сингл конкуренција.

Противничка ќе и биде Норвежанката Мален Хелго, а македонската тенисерка ќе ја има улогата на фаворит во овој меч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни