ВТА
Ѓорческа запрена во осминафиналето во Тунис

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа не ја мина осминафиналната рунда на ИТФ фјучерсот во Ла Марса (Тунис) што се игра на тврда подлога за вредност од 40.000 долари.
Ѓорческа немаше одговор за Линда Климовицова, тенисерка која во претходната рунда ја елиминираше првата носителка Лукреција Стефанини. Линда која има 20 години беше подобра во првиот сет со 6-4, па водена од оваа енергија, самодоверба доминираше во вториот и со 6-1 обезбеди билет за четвртфиналето на турнирот.
Статистиката на крајот покажа дека Климовицова освоила вкупно 64 поени или 18 повеќе од Македонката.
Лина за следната недела е пријавена за настап на турнирот W75 во францускиот град Андрезио-Бутеон.
-
Лига на шампиони18 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Италија22 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Лига на шампиони16 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Франција24 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА23 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија17 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони13 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони13 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…