ВТА
Ѓорческа запрена во двете конкуренции на турнирот во Словенија

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа претрпе два порази и со тоа го заврши настапот на турнирот во Оточец (Словенија).
Ѓорческа прво имаше настап во поединечна конкуренција каде се соочи со првата носителка Ирина Марија Бара, меч кој го загуби со 2-0 во сетови со 7-5 и 6-0. Само првиот сет донесе вистинска борба, додека во вториот видовме доминација на Романката која го потврди пласманот во полуфиналето.
По краткиот одмор Лина имаше обврска и во двојки каде заедно со Деа Херџелаш посакуваа пласман во финалето, ама на нивниот пат застанаа вторите носителки, Марина Дражиќ и Емили Вебли-Смит.
Час и половина траеше надмудрувањето на теренот број четири каде Дражиќ и Вебли-Смит беа подобри во третиот сет со 10-6 и со тоа си овозможија меч за титулата на фјучерсот вреден 40.000 долари.
Фаворитките тргнаа со 6-3, Лина и Деа одговорија на сличен начин (6-4), меѓутоа македонско-босанската комбинација немаше сила да го комплетира пресвртот.
-
Светпред 24 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 14 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 13 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 4 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Англијапред 11 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Светпред 8 часа
Митровиќ збесна и со рафал од српски пцовки го напушти теренот во Саудиска Арабија (Видео)
-
Шпанијапред 12 часа
Анчелоти: Џирона може да се бори за титулата