Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа запрена на стартот на силниот турнир во Поатје

Објавено

на

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло во главната фаза на силниот фјучерс што неделата се игра во Поатје, Франција.

Најквалитетниот македонски рекет за противник на стартот ја имаше 25-годишната Холанѓанка, Ариан Хартоно која се избори за триумф на централниот терен по еден ипол час игра.

Лина беше добра во првиот сет и со 6-3 го отвори резултатот, но во вториот „период“ возврати Хартоно (6-3) и со тоа се влезе во завршна битка.

Ѓорческа дури трипати го загуби својот сервис во третиот сет што беше премногу и со 6-3 го заврши настапот на овој турнир што се игра на тврда подлога за награден фонд од 80.000 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни