Ѓорческа закажа пресметка со првата носителка на турнирот во Подгорица

lina stegnata tupanica

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа откако експресно ги одработи квалификациите во тој стил продолжи и на стартот на главната фаза на силниот фјучерс во Подгорица, Црна Гора.

Македонката во првата рунда за еден ипол час ја доби битката против Леа Бошковиќ од Хрватска со 2-0 во сетови. Првиот сет донесе голема борба и победникот беше одлучен во тај брејк (7-3) за да во вториот Лина со доминантна игра и со 6-1 во гејмови ја потврди победа.

Ова значи дека тетовката во втората рунда ќе игра со првата носителка на турнирот Барбара Хас од Австрија која во моментов е на 193 место на ВТА листата.

Фјучерсот се игра на земјени терени за награден фонд од 25.000 американски долари.

Facebook Коментари