Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа загуби од својата партнерка во финалето на турнирот во Италија

Објавено

на

Лина Ѓорческа денеска комплетираше една исцрпувачка седмица на Сардинија, која за жал ја затвора со пораз на најважниот меч, односно во финалето во сингл конкуренција.

Најдобрата македонска тенисерка вчера стигна до трофејот во игра на двојки заедно со Ева Ведер, но судбината посака токму нејзината партнерка да и биде противничка во сингл финалето.

Ѓорческа не успеа да се справи со Холанѓанката и загуби на финалниот меч со 2:0 по сетови, или со 6:2 и 6:3 по еден час и 15 минути игра на турнирот во Санта Маргерита Ди Пула.

Македонката на крајот ќе мора да се задоволи со почесниот трофеј во поединечна конкуренција, додека Ева Ведер ги обедини двата најважни трофеи од турнирот во Сардинија.

Само за потсетување, во вчерашното финале во игра на двојки, Лина и Ева беа подобри од Хрватките Тена Лукас и Леа Бошковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни