Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа загуби од партнерката во двојки во Грузија

Објавено

на

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го заврши настапот во поединечна конкуренција на ИТФ фјучерсот во Телави (Грузија) што се игра на земјени терени за награден фонд од 25.000 американски долари.

Лина за противник во осминафиналето ја имаше Деа Херџелаш, тенисерката со која заедно настапува во игра на двојки на овој турнир. Мечот на теренот број четири донесе големи падови во играта како кај Македонката така и кај Босанката, па така Лина првиот сет го доби со 6-2 за да Деа врати со 6-0 в вториот.

Решавачката битка донесе поизразена борба во која Херџелаш со 6-3 обезбеди место во четвртфиналето.

Интересно овие две тенисерки сега ги чека заедники предизвик за влез во полуфиналето во двојки против Гергана Топалова и Шавит Кимчи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни