Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа загуби на стартот на квалификациите на ВТА турнирот во Порторож

Објавено

на

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа претрпе пораз од Тереза Мрдежа во првото квалификациско коло на ВТА турнирот во Порторож.

Ѓорческа тргна посакувано и првиот сет го реализираше без загубен сервис со 6-3, но потоа започнаа проблемите за Македонката која во наредните два сета освои само еден гејм (0-6, 1-6).

Дуелот траеше еден ипол час и статистички гледано Лина освои 40,2 проценти од поените (53/132), додека нејзината противничка 59,8 проценти (79/132) со што сосема заслужено го продолжува патот на турнирот во Словенија.

Најдобрата македонска тенисерка изминатиот период вообичаено учествуваше на фјучрс турнири, а овој пат се обиде на многу поквалитетен турнир, кој е дел од ВТА 250 серијата.

Прва носителка на турнирот во Порторож е хрватската тенисерка Петра Мартиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни