Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа загуби маратонски меч на вториот турнир во Манакор

Објавено

на

Лина Ѓорческа повторно не успеа да го помине четвртфиналето на терените на тениската академија на Рафаел Надал, а денеска е поразена од чешката ривалка Никола Бартункова.

Најдобрата македонска тенисерка учествуваше и на вториот турнир во Манакор, па исто како на првиот запна во четвртфиналната рунда, овој пат по маратонски меч со 15-годишниот голем талент на чешкиот тенис.

Лина подобро го започна мечот и заслужено го доби првиот сет со 6:4, Бартункова возврати со 6:2, а по речиси три часа борба, тај-брејкот го одлучуваше победникот и за жал заврши во корист на чешката тенисерка.

На првото издание на ИТФ Фјучрс турнирот вреден 25.000 долари, Ѓорческа се повлече по еден сет игра во дуелот со четвртата носитела Јуки Наито.

Во Манакор ќе се одржи и трет турнир и тоа од 31 јануари до 6 февруари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни