Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа загуби драматичен меч за крај на настапот во Италија

Објавено

на

Лина Ѓорческа не успеа да направи пресврт против Нина Поточник и го заврши настапот на турнирот во Трст во четвртфиналната рунда.

Најдобрата македонска тенисерка имаше лош почеток, ривалката од Словенија направи два брзи брејкови, па ја задржа таа предност за да го добие првиот сет со 6:2.

Ѓорческа се претстави во многу подобро светло во продолжение, па со 6:3 во вториот сет, се избори за решавачки сет кој го загуби со 7:5.

Исцрпувачкиот меч во Трст траеше 148 минути, а на крајот Поточник се радуваше на победата со 2:1 во сетови.

Ѓорческа на овој турнир настапуваше само во сингл конкуренција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни