Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа за еден час го реши проблемот Кемпен на турнирот во Лиепаја

Објавено

на

Лина Ѓорческа се пласираше во сингл четвртфиналето на тенискиот турнир во Лиепаја, Летонија, а допрва ќе го игра и својот меч во дубл конкуренција.

Најдобрата македонска тенисерка добро го започна денот и за 61 минута успеа да ја откаже три години помладата белгиска тенисерка Магали Кемпен.

Ѓорческа беше сигурна во првиот сет кој го доби со 6:2, на почетокот на вториот два пати мораше да одбрани 15:40 на свој сервис, но успеа да се рехабилитира и повторно го доби сетот со 6:2.

Македонската тенисерка сега го очекува новиот предизвик, а во четвртфиналето ќе се соочи со Италијанката Федерика Арчидиачоно, која влезе на турнирот преку квалификациите.

Ѓорческа денеска во дубл игра полуфинале и тоа заедно со Унгарката Лукач, а ќе се соочат со летонско-грчката комбинација Талби-Граматикополу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни