Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа во три сета до четвртфиналето во сингл во Грузија

Објавено

на

Лина Ѓорческа мораше да игра меч долг 137 минути, но на крајот ја победи во три сета Германката Ева Лис.

Македонската тенисерка имаше подобар почеток, го доби првиот сет со 6:3, но следуваше идентичен одговор од германската ривалка, која се избори за решавачки сет.

Лис направи брејк во првиот гејм од третиот сет, поведе со 2:0, но следуваа три гејма по ред освоени од Ѓорческа, а подоцна и брејк на Македонката за 6:3 и конечни 2:1 во сетови во нејзина корист.

Утре Ѓорческа во четвртфиналето ќе се соочи со Деа Херџелас од Босна и Херцеговина, тенисерка со која настапува заедно во дубл. Таа денеска одигра уште подолг меч и со пресврт се пласираше во следната елиминациска рунда.

Ѓорческа и Херџелас исто така ги очекува настап и во четвртфиналето во дубл на турнирот во Телави, Грузија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни