Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа во два сета до осминафинале на турнирот во Чешка

Објавено

на

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше на својот прв настап на турнирот во Миловице, Чешка, кој има награден фонд од 25.000 долари.

Ѓорческа денеска за противничка ја имаше Французинката Карол Моне и успеа да победи со 6:2/6:2, со што веќе обезбеди место во осминафиналето на овој турнир.

Македонката мина 88 минути на теренот, но како петта носителка успеа да доминира против Моне, а веќе е јасна и нејзината следна противничка.

Ѓорческа ќе се сретне со домашната претставничка Линда Носкова, а мечот е закажан во среда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни