Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа веќе обезбеди четвртфинале во дубл на вториот фјучрс во Грузија

Објавено

на

Лина Ѓорческа успешно го започна настапот и на вториот фјучрс во Телави, Грузија, кој исто како и минатонеделниот се игра со награден фонд од 25.000 долари.

Најдобрата македонска тенисерка неделава со друга партнерка ќе го брани трофејот во дубл освоен во саботата, а заедно со Деа Херџелаш од Босна и Херцеговина славеа со 2:0 во сетови во рамките на осминафиналето.

Ѓорческа и Херџелаш за точно еден час ги победиле Грузијките Гагошиѕе и Нацвлишвили со 6:1 и 6:4 во двата одиграни сета и ќе го очекуваат новиот предизвик, овој пат во четвртфиналето.

Следни противнички ќе им бидат израелско-бугарскиот пар Кимки/Топалова.

Лина утре ќе ги започне и мечевите во сингл каде беше слободна во првото коло, а во второто за противничка ќе ја има Германката Ева Лис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни