Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа успешно го реши првиот предизвик во Мадрид

Објавено

на

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа имаше успешен стар во поединечна конкуренција на ИТФ фјучерсот што се одржува во Мадрид.

Лина за ривал ја имаше квалификантната Викторија Морвајова од Словачка која успеа да ја добие на теренот број 14 со 2-0 во сетови.

Мечот траеше еден час и 41 минути, Македонката првиот сет го реализираше со 6-3, додека во вториот беше далеку понеизвесно, се играше тај-брејк за конечни 7-6 (4) и пласман во следното коло.

Таму Ѓорческа може да се соочи со петтата носителка Андреа Лазаро Гарсија.

Во текот на денешниот ден Ѓорческа ќе има настап во дубл со Лаура Пигоси (Бразил), а нивни ривалки ќе бидат Лина Глушко (Израел) и Варона Мдлулва (Јужна Африка).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни