Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа тргна победнички на турнирот во Рим

Објавено

на

foto:www.facebook.com/tennis.liepaja/

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа имаше успешен старт на ИТФ фјучерсот што се игра во Рим.

Ѓорческа имаше соочуваше со домашната претставничка Лаура Мир која доби валјд карта за настап на овој турнир, односно тетовката го оправда статусот на фаворит и дојде до триумф во два сета.

Лина рутински го одработи првиот сет со 6-3, но во вториот мораше добро да се потруди да го скрши отпорот на Италијанката, двете тенисерки имаа подеми и падови, па се дојде до тај-брејк во кој Македонката го потврди квалитетот, искуството и со 7-5 обезбеди место во наредната рунда на фјучерсот кој се игра на земјена подлога за 60.000 американски долари.

Шестата носителка ќе излезе на мегдан со 23-годишната Жибек Куламбајева од Казахстан кој е 435 на ВТА листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни