Ѓорческа супериорно го отвори турнирот во Шведска

lina

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа имаше очекуван и позитивен старт на силниот ИТФ фјучерс во Бастад, Шведска што се игра на земјена подлога.

На теренот број два нашата Лина по еден час и 46 минути игра славеше над домашната тенисерка, Каијса Вилда Ханеман со 2-0 во сетови. Првиот сет беше експресен и заврши со 6-1, додека во вториот мораше да се игра тај-брејк во кој Ѓорческа како поквалитетна, поискусна го доби со 7-5.

Овој триумф ја носи тетовката во второто коло на турнирот вреден 25.000 долари, а противникот ќе го добие во текот на утрешниот ден.

Facebook Коментари